Скопјанец е тешко повреден во сообраќајна несреќа која вчера попладне се случила на бул.„Партизански Одреди“ во Скопје.
Во несреќата, информира МВР, учествувале автомобил „пежо“ со скопски регистарски ознаки, управуван од З.П.А.О.(55) од Скопје, автомобил „бмв“ со кривопаланечки регистарски ознаки, управуван од А.Ј.(20) од Крива Паланка и мотоцикл „сузуки“ со скопски регистарски ознаки, управуван од А.К.(34) од Скопје.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на мотоциклот, констатирани во Градска општа болница „Свети Наум Охридски“ Скопје.
Извршен е увид од увидна екипа на СВР Скопје.