На 20.11.2023 во СВР Штип било пријавено дека околу 11.00 часот кружен тек од ул.„Партизанска“ и ул.„Борис Крајгер“ во Штип се случила сообраќајна несреќа помеѓу товарно возило „мерцедес“, управувано од С.З. (34) од Штип, автобус „мерцедес“, управуван од Ф.Р. (33) од Штип и мотоцикл „сузуки бургман“, управуван од А.Р.(37) од Штип, сите со штипски регистарски ознаки, информира МВР.
Во несреќата мотоциклистот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Клиничка болница Штип.
Увид на местото бил извршен од екипа од СВР Штип.