На 11.06.2025 во 14.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосница од бул.„Борис Трајковски“ со ул.„Есенинова“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу мотоцикл „харли дејвидсон“ со охридски регистарски ознаки, управуван од Ѓ.В.(45) од Охрид и патничко возило „фолксваген пасат“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Н.К.(20) од Скопје.
-Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“, информира МВР.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.