На 28.05.2025 во 10.55 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул.„Христо Татарчев“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „опел“ со скопски регистарски ознаки, управувано од С.И.(49) од Скопје, и мопед „априлија“ со скопски регистарски ознаки, управуван од Ј.С.(28) од Скопје.
-Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“, информира МВР.
Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје.