Хроника

Мотоциклист тешко повреден во сообраќајка кај Челопек

Мотоциклист тешко повреден во сообраќајка кај Челопек

На 12.04.2024 во СВР Тетово било пријавено дека на локалниот пат за с.Челопек се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „бмв“ со хрватски национални ознаки, управувано од Х.Х.(32) и мотоцикл „јамаха“ без регистарски таблички, управуван од Б.С.(29), двајцата од с.Челопек, информира МВР.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Клиничката болница Тетово.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Тетово.

To top