Хроника

Мотоциклист тешко повреден, излетал од булевар во Ново Лисиче

Мотоциклист тешко повреден, излетал од булевар во Ново Лисиче

На 25.03.2025 во 14.45 часот во СВР Скопје било пријавено дека на бул.„Видое Смилевски Бато“ во Скопје, Е.Б.(25) од Скопје, управувајќи мотоцикл „хонда“ со скопски регистарски ознаки, изгубил контрола и со мотоциклот излетал од коловозот.

-Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ во Скопје, информира МВР.

Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Скопје.

 

To top