Хроника

Мотоциклист излета од патот Прилеп-Градско, удрил во метален браник

Мотоциклист излета од патот Прилеп-Градско, удрил во метален браник

На 27.10.2024 во 10.20 часот во ОВР Прилеп било пријавено дека на патот Прилеп-Градско, мотоцикл „сузуки”, управуван од М.К.(31) од Прилеп, излетал од коловозот и удрил во метален заштитен браник.

По несреќата, М.К. со возило на Итна медицинска помош Прилеп бил пренесен во Градска болница Прилеп, каде му биле констатирани тешки телесни повреди.

Увидот го извршила увидната екипа на ОВР Прилеп.

To top