Хроника ОВР Кочани

Мопедист се здобил со тешки повреди откако излетал од патот

Несреќата се случина на локалниот пат Кочани – брана Гратче, соопшти МВР.

Мопедист се здобил со тешки повреди откако излетал од патот

На 01.08.2024 во 22.43 часот во Полициската станица Кочани било пријавено дека на локалниот пат Кочани – брана Гратче, мопед управуван од В.А.(57) од Кочани, излетал од надвор од патот.

-Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Клиничката болница Штип. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Кочани, соопшти МВР.

To top