На 19.01.2024 во 00.00 часот, полициски службеници од СВР Тетово ја лишиле од слобода Р.И.(18) од Скопје. Претходниот ден околу 21.30 часот, таа пријавила дека Е.И.(55) од Тетово физички ја нападнал и против нејзина волја ја држел во неговиот дом. По преземени мерки и активности во соработка со Центарот за социјални работи Тетово, било утврдено дека таа лажно го пријавила настанот, а подоцна во службен разговор и самата признала дека по своја волја престојувала кај него дома. По целосно документирање на случајот, против неа ќе биде поднесена пријава по член 366 став 1 во врска со член 140 став 1 од Кривичниот законик.
Хроника
лажно го пријавила настанот
Млада скопјанка лажела дека била претепана од тетовец и држена во неговиот дом
По целосно документирање на случајот, против неа ќе биде поднесена пријава по член 366 став 1 во врска со член 140 став 1 од Кривичниот законик.