Хроника

Млада штипјанка тешко повредена, излетала со автомобил од автопатот Миладиновци-Штип

Млада штипјанка тешко повредена, излетала со автомобил од автопатот Миладиновци-Штип

На 06.04.2025 во 10.50 часот во ОВР Свети Николе било пријавено дека на автопатот Миладиновци-Штип, кај клучката Север, патничко возило „шевролет“ со штипски регистарски ознаки, управувано од А.Т.(31) од Штип, излетало надвор од коловозот.

-Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила А.Т., констатирани во Клиничка болница Штип, информира МВР.

За настанот бил известен јавен обвинител, а увид извршила увидна екипа од ОВР Свети Николе.

To top