Хроника

Млада девојка тешко повредена во сообраќајка на патот Битола-Меџитлија

Млада девојка тешко повредена во сообраќајка на патот Битола-Меџитлија

На 21.11.2025 во 19:55 часот во СВР Битола е пријавено дека на патот Битола- Граничен премин Меџитлија се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „опел корса“ со битолски регистарски ознаки, управувано од А.С.(23) од Битола и патничко возило „фолксваген поло“ со грчки регистарски ознаки, управувано од А.Х.(30) од Република Грција, информира МВР.

Со тешки телесни повреди се здобила 23-годишната А.С., констатирани во Клиничка болница Битола.

По наредба на јавен обвинител, извршен е увид од увидна екипа на СВР Битола.

To top