СВР Тетово поднесе кривична пријава против А.А.(23) од Тетово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори’’.
На 08.06.2023 во Тетово, полициски службеници извршиле преглед врз пријавената, при што пронашле и одзеле марихуана.