На 04.07.2024 година во 12.00 часот на магистралниот пат Гостивар-Кичево, на планинскиот превој „Стража“, патничко возило „опел корса“, со скопски регистарски ознаки, што го управувала С.Г.(38) од Охрид, удрило во пешакот Б.П.(22) од Скопје.
-Во несреќата пешакот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Општата болница во Гостивар, информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.
Увид на местото на несреќата извршија полициски екипи.