Денеска (25.02.2024) во 03.10 часот во СВР Скопје било пријавено дека во Скопје на крстосницата од ул.„Железничка“ и ул.„Димче Мирчев“ патничко моторно возило „ауди“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Н.Р.(40) од Скопје, удрило во пешакот Х.Ц.(26) од Скопје.
-Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, информира МВР.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.