Хроника

Млад мотоциклист тешко повреден во сообраќајка

Млад мотоциклист тешко повреден во сообраќајка

На 01.03.2026 во 14:30 часот во ОВР Прилеп е пријавено дека на влез за с.Браилово, општина Долнени, се случила сообраќајна несреќа помеѓу мотоцикл „кавасаки“ со регистарски ознаки од Македонски Брод, управуван од З.Ш.(21) и патничко возило „опел“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од Д.В.(56), двајцата од с.Десово, општина Долнени.

-Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Градската општа болница во Прилеп, информира МВР.

Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Прилеп.

Најнови вести од Хроника

To top