Одделението за внатрешни работи Прилеп поднесе кривична пријава против Д.М.(22) од Битола поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „овозможување употреба на наркотични дроги“.
На 09.09.2023 на клучката од автопат Прилеп-Битола, полициски службеници извршиле преглед на патничко возило, управувано од пријавениот, а во кое сопатник било едно женско лице, при што пронашле и одзеле метамфетамин, кој ѝ бил даден на користење од пријавениот.