СВР Битола поднесе кривична пријава против И.Ч.(24) од Битола, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“.
На 23.02.2023 во Битола, полициски службеници извршиле преглед над пријавениот, при што пронашле и одзеле хероин.