На 23.09.2024 во 19:15 часот полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода П.Ј.(56) од Куманово поради сомнение дека на своја нива во с.Никуљане, кумановско, запалил стрниште, по што пожарот се проширил и зафатил сува трева надвор од неговиот имот.
Повредени лица нема, а пожарот бил изгаснат.
Екипа од СВР Куманово извршила увид и по целосно документирање на случајот, против П.Ј. ќе биде поднесена соодветна пријава.