Хроника ОВР Кавадарци

Маж си ја копал нивата, па пронашол неексплодирана граната

Пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување безбедно ја подигнал гранатата.

Маж си ја копал нивата, па пронашол неексплодирана граната

На 26.05.2024 во 14:20 часот во ОВР Кавадарци, С.С.(65) од село Виничани, општина Градско, пријавил дека при извршување земјоделски работи во нива во атар на село Паликура, општина Росоман, пронашол неексплодирана граната.

Пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување безбедно ја подигнал гранатата, а увид на местото извршила увидна екипа од ОВР Кавадарци.

To top