Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кочани поднесе кривична пријава против В.И.(60) од село Облешево, кочанско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување пари“.
На 26.09.2023 во менувачница во Кочани, пријавениот пуштил во оптек фалсификувана банкнота во апоен од 500 евра.