На 03.04.2024 во 10:40 часот во Гостивар, полициски службеници на ОВР Гостивар го лишиле од слобода Н.А.(45) од гостиварско Врапчиште.
Тој се сомничи дека претходниот ден во периодот од 19:00 до 19:30 часот во гостиварско Пожаране предизвикал пожар во викенд куќа, сопственост на А.Ќ.(73) од Тетово.
Во службен разговор во полициска станица, тој го признал делото.
По расчистување и документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.