Регионалниот центар за гранични работи Север поднесе кривична пријава против С.В.(37) од Грузија ,поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување исправа“.
На Граничен премин Табановце, при пасошка контрола и проверка, пријавениот на увид дал возачка дозвола од Ерменија, за која по извршени детални проверки е констатирано дека е фалсификувана.