Хроника

„Матиз“ излета во близина на скопскиот аеродром, две лица повредени

„Матиз“ излета во близина на скопскиот аеродром, две лица повредени

Две лица од кои едно потешко се повредени откако со автомобил „шевролет матиз“ излетале од автопатот Скопје-Куманово, во близина на влез за Меѓународен аеродром-Скопје.

Несреќата се случила вчера околу 19:50 часот, а со возилото управувала С.П.(51) од Скопје.

-Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот Т.Д.(57) од Скопје, а со телесни повреди се здобила С.П., констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, информира МВР.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

To top