Полициски службеници на СВР Тетово, вчера (25 февруари) околу 13 часот и 20 минути на улица „Борис Кидрич“ во Тетово, од малолетник од Тетово, во присуство на родител, одзеле скутер „априлија“, кој претходно бил пријавен дека го украл од 29-годишнииот Б.М. од тетовска Мала Речица.
Скутерот му е вратен на сопственикот, а по целосно расчистување и документирање на случајот против малолетникот ќе следува соодветен поднесок.