Хроника ОВР Кавадарци

Малолетник тешко повреден во сообраќајна несреќа

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во општа болница Кавадарци.

Малолетник тешко повреден во сообраќајна несреќа

На 31.05.2025 во 19:55 часот, во ОВР Кавадарци е пријавено дека на улица „Ленинова“ во Кавадарци, случена е сообраќајна несреќа во која пешак-малолетник, кој во моментот на несреќата туркал тротинет, удрил во патничко возило „Фолксваген тигуан“ со кавадаречки регистарски ознаки, управувано од Ј.Н.(19) од Кавадарци.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во општа болница Кавадарци.

Известен е јавен обвинител, а увид е извршен од увидна екипа од ОВР Кавадарци.

Најнови вести од Хроника

To top