Во Полициската станица Виница вчера околу 10.30 часот било пријавено дека на ул.„Браќа Миладинови“ се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „тојота“ со винички регистарски ознаки, управувано од А.Б.(24) од Виница и мопед со винички регистарски ознаки, управуван од малолетник од Виница, информира МВР.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетникот, констатирани во Клиничката болница Штип.
Извршен бил увид од увидна екипа од Полициската станица Виница.