Хроника На бул.„Партизански одреди“

Малолетник тешко повреден во сообраќајна несреќа во Скопје

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил 17-годишен сопатник, кој се превезувал на мопедот, констатирани во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“ во Скопје. 

Малолетник тешко повреден во сообраќајна несреќа во Скопје

На 07.02.2026 во 23:20 часот во СВР Скопје е пријавено дека на бул.„Партизански одреди“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Х.Д.(25) и мопед со скопски регистарски ознаки,  управуван од 17-годишник, двајцата од Скопје.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил 17-годишен сопатник, кој се превезувал на мопедот, констатирани во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“ во Скопје.

Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Скопје.

Најнови вести од Хроника

To top