На 21.03.2025 во 17.55 часот во СВР Тетово било пријавено дека на ул.„Видое Смилевски Бато” во близина на кружен тек со улица „Браќа Миладинови” во Тетово, патничко возило „голф” со тетовски регистерски таблици, управувано од Е.Ј.(31) од с.Челопек, удрило во малолетник од с.Сараќино.
Во несреќата, со тешки телесни повреди се здобил малолетникот, констатирани во Клиничка болница Тетово.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Тетово.