Хроника

Малолетник со електричен тротинет тешко повреден по сообраќајка со автомобил

Малолетник со електричен тротинет тешко повреден по сообраќајка со автомобил

На 11.04.2024 во 17.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„21“ во с.Мојанци, општина Арачиново, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фиат пунто“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Б.Б.(36) од с.Сингелиќ, скопско и електричен тротинет, управуван од малолетник од с.Мојанци.

-Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетникот, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, информира МВР.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

To top