На 05.06.2025 година во 12.42 часот во СВР Битола е пријавено дека на ул.,,4-ти Ноември’’ во Битола малолетник додека управувал велосипед паднал на коловозот.
-Притоа, со тешки телесни повреди се здобила неговата малолетна сопатничка од село Добрушево, битолско, констатирани во Клиничката болница Битола, информира МВР.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Битола.