Пожар избувнал денеска во напуштена куќа во Мичурин, на улица Симеон Каврахиров.
Командантот на противпожарната бригада Звонко Томески за МИА изјави дека пожарот е локализиран и дека во моментов пожарникарите ги расчитуваат остатоците.
– Интервенирано е со две возила и шест пожарникари, рече Томевски, кој вели дека засега не се познати причините за избувнување на пожарот.
Истовремено, пожарникарите денеска интервенираат во пожари над селата Моране и Булачани, каде, како што објаснува Томески, гори нискостеблеста шума.
Испратена е по една екипа да ги гасне пожарите кои се на непристапен терен. – Над село Булачани гори нискостеблеста шума и остатоци од сечени дрвја.
Иако е тоа надлежност на Национални шуми нив таму ги нема, вели Томески. ев/ир .