Хроника ОВР Струга

Лишен од слобода прилепчанец, палел кабли во близина на депонијата во Струга

Тој бил затекнат додека се обидувал да ги запали претходно собраните кабли од стари машини и од други предмети, за да може потоа, да ги извлече бакарните жици, соопшти МВР.

Вчера околу 22:00 часот, во близина на депонијата за отпад во Струга, полициски службеници од ОВР Струга од слобода го лишија С.В.(58) од Прилеп.

Тој бил затекнат додека се обидувал да ги запали претходно собраните кабли од стари машини и од други предмети, за да може потоа, да ги извлече бакарните жици, соопшти МВР.

По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Најнови вести од Хроника

To top