На 20.11.2025 СВР Струмица- ОВР Гевгелија до Основното јавно обвинителство Гевгелија поднесе кривична пријава против И.С.(34) од Нов Дојран.
-Тој се сомничи дека на 20.11.2025 во атар на село во општина Дојран извршил обљуба врз 25- годишна девојка, информира МВР.
И.С. е лишен од слобода и изведен пред судија од Основен суд Гевгелија, кој му определил мерка притвор.