СВР Тетово поднесе кривична пријава против Е.А.(73) од с.Селце, тетовско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „бесправно градење“ и „узурпација на недвижности“.
-Пријавениот, во својство на инвеститор, на катастарска парцела сопственост на Муфтиство на Исламската верска заедница, узурпирал и изградил семејна куќа без да поседува одобрение за градба, издадена од општина Тетово, информира МВР.