Хроника пријавениот ја пронашол картичката

Кривична против 28-годишник од Дебар за плаќање со туѓа картичка

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Дебар поднесе кривична пријава против С.Џ., на возраст од 28 години, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи.

Кривична против 28-годишник од Дебар за плаќање со туѓа картичка

Пријавениот, како што се појаснува во соопштението, пронашол платежна картичка на лице од Дебар и во три наврати ја искористил за наплата на бензинска пумпа и на други услуги.

To top