ОВР Струга поднесе кривична пријава против Х.Г.(41) од Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „овозможување употреба на наркотични дроги“ и „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“.
При преглед во патничко возило „опел астра“ на регионален пат Охрид-Струга, во кој пријавениот бил со лице од Охрид, полициските службеници пронајдоа и одзедоа предмети со остатоци од кокаин и хероин. (МИА)