На 02.07.2024 во СВР Куманово било пријавено дека од дворно место на основно училиште во Куманово биле одземени повеќе предмети.
По преземени мерки и активности, полициски службеници од СВР Куманово го пронашле сторителот М.Г.(53) од с. Романовце, кумановско, кој во службен разговор во полициска станица го признал делото.
Дел од одземените предмети биле пронајдени и вратени на сопственикот.
По целосно документирање на случајот, против M.Г. ќе биде поднесена соодветна пријава.