Во текот на вчерашниот ден (03.04.2024) во периодот од 10.00 до 16.00 часот Министерството за внатрешни работи спроведе сообраќајна контрола на територијата на Република Македонија за санкционирање на прекршоци што ги прават пешаците.
При контролата, санкционирани се 175 пешаци од кои, 155 за небезбедно преминување на улица надвор од пешачки премин…
За време на контролата санкционирани се и 135 други видови на сообраќајни прекршоци.
Сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови.
-Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи. Пешаците да го минуваат коловозот на обележан пешачки премин затоа што непочитувањето на сообраќајните правила ќе биде санкционирано. Сите заеднички, со почитување на правилата, мора да придонесеме за побезбедни сообраќајници, велат од МВР.