Хроника 74 годишник

Кавадарчанец во бесознание и со тешки повреди најден на улица

Кавадарчанец во бесознание и со тешки повреди најден на улица

Седумдесет и четиригодишен кавадарчанец вчера бил пронајден со тешки телесни повреди и во бесознание на улицата „Индустриска“ во Кавадарци, информираа денбеска од СВР Велес.

– Во ОВР-Кавадарци вчера било пријавено дека во 15:45 часот на улицата со тешки телесни повреди и во бесознание бил пронајден О.Ш. од Кавадарци. Лицето било пренесено во Општа болница – Кавадарци за укажување лекарска помош, појаснуваат оттаму.

Увид на местото извршиле јавен обвинител и екипа од ОВР – Кавадарци. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

To top