На 27.12.2024 година во 08:30 часот во СВР Скопје од Казнено поправната установа Затвор Скопје било пријавено дека во 08:25 часот кај двајца осуденици И.В. и Ф.Б. била пронајдена марихуана.
Извршен бил увид од увидна екипа од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје и истата била одземена.
По целосно документирање на случајот ќе следуваат соодветни поднесоци.