На 08.08.2024 во 21.00 часот во СВР Охрид било пријавено дека на мостот од каналот „Студенчишта“, велосипед управуван од Н.Ј.(68) од Србија удрил во М.К.(43) од Црна Гора.
Притоа, велосипедистот паднал и се здобил со тешки телесни повреди, а со телесни повреди се здобила М.К., констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо“ во Охрид, информира МВР.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Охрид.