На 31.03.2024 во 01:00 часот во Струмица полициски службеници од Полициската станица Струмица ги лишиле од слобода Б.И.(39) и малолетничка од Струмица.
При извршен преглед кај нив, кај малолетничката била пронајдена марихуана.
Во Полициската станица Струмица бил извршен разговор со малолетничката во присуство на нејзините родители.
По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.