На 19.02.2026 во 11:05 часот во ОВР Гевгелија е пријавено дека на булевар „Гевгелија“ во Гевгелија патничко возило „ланд ровер“ со гевгелиски регистарски ознаки, управувано од 76-годишниот Л.Р. од Гевгелија удрило во 77-годишната Б.Д. од Гевгелија, која туркала велосипед.
-Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Б.Д., констатирани во Јавна здравствена установа Гевгелија, информира МВР.
Извршен е увид од увидна екипа на ОВР Гевгелија.