Денеска (16.08.2024) околу 15:30 часот од страна на полициски службеници од Мобилната единица за компезаторни мерки при Одделот за гранични работи и миграции, на патниот правец Крива Паланка – Куманово, запрено е товарно моторно возило “ман” со тетовски регистарски ознаки сопственост на правно лице од Тетово, а управувано од И. К. од Крива Паланка.
При извршена контрола на возилото, утврдено е дека возачот не поседува картичка за уред во запишување во патниот сообраќај, а тахографот на возилото е небаждарен со што возачот и правното лице сториле прекршоци по член 60 став 1.8 и член 57 ст.1.12 од Законот за работното време на мобилните работници во патниот сообраќај и уредите за запишување во патниот сообраќај.
За настанот е известен државниот инспекторат за транспорт од чија страна се изречени глоби во износ од 4000 евра.