Во пожар, кој избувнал вчера во Радовиш на улицата „1 Мај“, изгореле деловен објект и помошна просторија, соопштија денеска од СВР Струмица.
Според соопштението на полицијата, вчера во 04:17 часот во Полициската станица Радовиш било пријавено дека околу 03:30 часот настанал пожар во помошна просторија, од кој бил зафатен и деловен објект во дворно место на Б.В. на ул. „1 Мај“ во Радовиш.
Во соопштението се додава дека нема повредени, а од екипа на Територијалната противпожарна единица Радовиш пожарот бил изгаснат, а бил извршен и увид од страна на полицијата.