На 23.11.2023 во 16.50 часот во СВР Струмица било пријавено дека на ул.„Васил Сурчев“ во Струмица настанал пожар во стан сопственост на М.Е.(46) од Струмица.
Од пожарот, М.Е. вдишал чад и бил пренесен во Општа болница Струмица за укажување лекарска помош.
Екипа на Територијалната противпожарна единица Струмица го изгаснала пожарот, а увид на местото извршила екипа од СВР Струмица.