ОВР Дебар поднесе кривична пријава против С.Р.(28) од Скопје и В.И.(22) од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторенo кривичнo делo „запуштање и малтретирање дете“.
Тие ја запоставиле својата должност за грижа и воспитување и ги запуштиле своите малолетни деца, кои на 24.11.2023 на улица „1 Мај“ во Дебар биле затекнати при питачење.