Хроника нема повредени

ФОТО: Затворен за сообраќај – Тешка сообраќајка на патот Македонска Каменица- Делчево

ФОТО: Затворен за сообраќај – Тешка сообраќајка на патот Македонска Каменица- Делчево

Поради сообраќајна несреќа затворен за сообраќај е патот Македонска Каменица- Делчево.

-Денеска (24.10.2025) околу 12:00 часот во СВР Штип е пријавено дека на магистралниот пат Македонска Каменица- Делчево, во близина на село Илиово, се случила сообраќајна несреќа помеѓу товарно возило „волво“ со приколка со бугарски регистарски ознаки, управувано од В.Х. Г., патничко возило „мерцедес“ со регистарски ознаки од Македонска Каменица, управувано од Б.П. и патничко возило „фиат“ со регистарски ознаки од Македонска Каменица, управувано од М.С., информира МВР.

МВР

Во сообраќајната несреќа нема повредени лица, а патот Македонска Каменица- Делчево е затворен за сообраќај во двата правца, а возилата се пренасочуваат по околните патишта.

МВР

Најнови вести од Хроника

To top