Две лица се повредени, од кои едно тешко, во сообраќајна несреќа која вчера доцна попладне се случи на улицата „Народни Херои“ во скопска Кисела Вода.
Од МВР за Курир информираат дека во несреќата, која е пријавена во 18:55 часот, учествувале автомобил „сеат“ со скопски регистарски ознаки, управуван од Т.П.(34) од Скопје и мопед со скопски регистарски познаки, управуван од И.Д.(22) од Скопје.
-Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил И.Д., констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“, додека со телесни повреди се здобил неговиот сопатник М.Ф.(22) од Скопје, констатирани во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“, велат од МВР.
Увид на местото на несреќата извршила увидна екипа на СВР Скопје.