На 29.11.2023 во 07.25 часот во Полициската станица Дебар било пријавено дека на локалниот пат за село Горно Косоврасти, дебарско, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген кенди“ со дебарски регистарски ознаки, управувано од И.М.(27) од Дебар и патничко возило „фолксваген поло“ со охридски регистарски ознаки, управувано од К.К.(53) од село Горно Косоврасти, дебарско.
-Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил М.Р.(37) од село Горно Косоврасти, сопатник во возилото „поло“, констатирани во Специјалната болница „Св. Еразмо“ во Охрид, информира МВР.
Извршен бил увид од увидна екипа од Полициската станица Дебар.